ERA notifications

Would like to receive news on your е-mail?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   




ИПАРД

Со цел подготовка на земјоделскиот сектор за пристап кон ЕУ, развој на руралните средини, како и зголемување на конкурентноста на земјоделските и земјоделско прехранбени производи, на Република Македонија и се ставени на располагање средствата од ИПАРД Програмата 2007-2013 година. ХУМАНОПОЛИС токму тука го препозна потенцијалот на нашите земјоделци па така во соработка со нашите партнерите од Словенија изградивме тим кој ќе Ве доближи до овие средства.
 
Што е ИПАРД?

Инструментот за претпристапна помош за рурален равој (ИПАРД) е петта компонента од ИПА, со која се обезбедува финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој. Средствата од ИПАРД Програмата се неповратни и изнесуваат до 50% од вкупната инвестиција.
 
Согласно целите на ИПАРД Програмата средствата од се трошат по утврдените мерки, и тоа:
 
Мерка 101 - Инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија;
Мерка 103 - Инвестиции во преработката и пласман на земјоделските и земјоделско прехранбените производи за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија;
Мерка 302 - Инвестиции за диверзификација и развој на руралните економски активности.
 
Кој може да ги користи овие средства?

Како корисници на овие средства може да се јават индивидуални земјоделци, земјоделски стопанства, микро, мали и средни претпријатија, земјоделски задруги, занаетчии, трговци, сопственици на шуми, концесионери на рибници и вода за рибарство.
 
Што нуди професионалниот тим на Хуманополис?
 
Советодавни услуги во смисла рентабилно земјоделско производство; 
Подготовка на програми при аплицирање на кредитни линии, грантови, регистрирање на земјоделци и доделување на земјиште под концесија;
Изработка на целосна ИПАРД апликација; 
Изработка на Деловен план и финансиски извештаи;
Изработка на инвестициони програми за кредити;
Изработка на физибилити студии;
Изработка на елаборати за животна средина;
Изработка на тендерска документација;
Проектна документација за градби; 
Маркетинг анализи...
 
 

Новости