ERA notifications

Would like to receive news on your е-mail?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   




Визија, мисија и цели

Humanopolis croud

ХУМАНОПОЛИС Фондација за едукација и развој е организација основана од Скопски саем / Групација ЕРА. Во средиштето на интересите на ХУМАНОПОЛИС е човекот како целина, како тој се развива во професионална и духовна смисла во својата  работна околина, на тој начин прераснувајќи во потенцијал клучен за секој успешен бизнис.

Визија на Фондацијата Хумнополис  е да стане центар за креирање на нови бизниси преку образовни иницијативи, но истовремено да ги зајакне и развива постоечките бизниси, преку развој на човековиот капитал, развој на организационата поставеност, како и развој на меѓусебната поврзаност на сите чинители во сите процеси на општественото делување.

Мисијата  на Фондацијата ХУМАНОПОЛИС е  поттикнување на претприемачките потенцијали во Македонија и пошироко во регионот за полесно негово интегрирање  на Европскиот и на глобалниот пазар.

Основна цел на Фондацијата ХУМАНОПОЛИС е да ја поддржи и зајакне  врската  помеѓу бизнис секторот и академската средина во  Македонија како и пошироко во регионот.

Основен инструмент во  реализацијата на зацртаните цели на Фондацијата ХУМАНОПОЛИС е изборот на соодветни партнери од Македонија, регионот и ЕУ, кои во синергија би функционирале за реално влијание во средината, каде што ќе допринесат за вистински промени.
Реализираните процеси  ќе се потврдуваат со оддржливоста на проектите имплементирани преку заедничка работа.

Мото на Фондацијата ХУМАНОПОЛИС  е  „Поврзуваме, развиваме, ве правиме среќни

ХУМАНОПОЛИС го забрзува и систематски го насочува  напредокот на малите и средни претпријатија, така што претставува мост помеѓу програмите од образовните институции и потребите на бизнис секторот.

ХУМАНОПОЛИС создава и реализира активности кои ќе ги поттикнат креативноста, иновативноста и претпримништвото меѓу младите, нудејќи им соодветни решенија, со што и би го помогнале формирањето на нови бизнис иницијативи и тоа во различни области. Потикнувањето на претпиемничките потенцијали ќе биде реализирано преку постојаната едукација и развој во различни форми и на главните чинители во бизнис процесите и вкупното општествено живеење.


Прочитајте за нашите слични проекти: Конгресен центар , Виртуелни канцеларии , Скопски саем

 

Новости