Влатко Стефановски и Биг Бендот Оркстар на словенечката војска со спектакуларен концерт во Скопје

Гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски и Биг Бендот Оркстар на словенечката војска со спектакуларен концерт во Скопје. Настан кој не се пропушта!

Специјално за скопскиот концерт, Влатко со Биг Бендот подготвуваат репертоар составен од некои од неговите најпознати композиции, но и познати фанк, џез и соул стандарди.

Сигурен сум дека ќе бидете импресионирани од мојата нова музичка авантура и багатиот звук на извонредниот Биг Бенд. Не се во прашање чекорници и парадна музика, туку сериозни аранжмани за џез стандарди, инспирирани се разбира од традиционалната музика.„ вели Влатко Стефановски

Пред две години диригентот на Биг Бендот на словенечката војска, Рудолф Гас го повикал Влатко Стефановски да биде гостин на нивниот концерт на Конгресниот трг во Љубљана. Стефановски признава дека на почетокот бил по малку скептичен, незнаејќи што тој откестар свири, но после првата заедничка проба останал „потполно фасциниран од звукот и професионализмот на оркестарот„.

Нивниот одличен концерт во Љубљана е забележан на CD и DVD, во издание на ЗКП Љубљана, на кои се изведуваат и песните “Gypsy Song”, “Јовано Јованке”, “Stratus”...

Тоа не е класичен воен оркестар, се работи за Биг Бенд кој свучи како секој голем џез Биг Бенд. Сите членови се извонредни инструменталисти и главно џез музичари. А нивната појава е навистина атрактивна бидејќи настапуваат во парадни униформи. Во оркестарот има и жени, кои се задолжени за пратечките вокали„, објаснува Влатко Стефановски.

http://www.kupikartizase.com/Events/vlatko_stefanovski_i_big_bend_orkestar_2017

 

 

Новости