МЕБЕЛ 2017: 21-26 март 2017

Меѓународниот саем МЕБЕЛ, кој оваа година го одбележува своето 43-то издание е водечки настан во модерниот и класичниот мебел и дизајн. Над 50.000 заинтересирани посетители ги минуваат штандовите на МЕБЕЛ, а учеството на повеќе од 400 домашни и интернационални изложувачи го прават овој саем возбудливо, освежувачко и забавно дружење. Меѓународниот саем МЕБЕЛ стана препознатлив бренд во оваа индустрија и се стекна со статусот како еден од најдобрите и најпосетени саеми во регионот. 

Оваа специјализирана изложбено комерцијална саемска манифестација со својата деловност и презентација на производи, стана своевидна берза на оваа индустриска гранка и место за средба на производителите и трговците од нашата земја, балканскиот регион и пошироко, што претставува вистинска потврда во настојувањето на Скопски саем за поставување на стопански мост меѓу Македонија и регионот.

МЕБЕЛ, како една од најатрактивните манифестации кај нас е запаметен и со нетрпение очекуван заради своите интересни и оригинални ентериерни уредувања кои покрај мебел за домот, го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел за сечиј вкус, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за преработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание.

 

 

Новости