Концерт на Мирослав Илиќ во Метрополис Арена

Легендарниот фолк-пејач Мирослав Илиќ ќе прослави 45 години музичка кариера во Скопје, од каде и почнува неговата славеничка турнеја која ќе опфати повеќе градови од цела поранешна Југославија.

"Ако ви се игра – играјте, ако ви се пее – пејте! Добредојдовте и живели!" – вели Мирослав во поканата за дружбата со македонската публика.

Концертот е закажан на 11 март, во Метрополис арена, со почеток во 21 часот. Станува збор за славенички концерт кој заради поводот, ќе биде со поразличен концепт, а влезниците ќе бидат во органичен број.

Предвидено е концертот да трае неколуку часа, а најавен е и специјален гостин, Ефто Пупиновски. На овој концерт ќе се потсетиме на безвременските хитови од 45-годишната кариера, како што го нарекуваат, „Славејот од Мрчајевци“.

„Божанствена жено“, „Лажу да време лечи све“,„Волео сам девојку из града“,„Поздрави је, поздрави“, „Један дан живота“, „Зовеш ме на вино“, „Теби“, „Поломиќу чаше од кристала“… се само дел од темите кои ќе се најдат на репертоарот на човекот кој своите студентски денови ги поминал во Скопје, што е уште еден од поводите зошто токму од кај нас ја стартува својата голема турнеја.

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.
Партер  - 400 денари
Партер седење (сина зона) - 700 денари
Партер седење (виолетова зона) - 1000 денари
Резервации седење:
маса за 4 лица + 2 шишиња вино + ордевер - 4000 денари
маса за 6 лица + 2 шишиња вино + ордевер - 6000 денари

маса за 8 лица + 2 шишиња вино + ордевер - 8000 денари

Галерија, високо седење 6 карти + шише виски или водка - 6000 денари
**напомена: Билетите од категориите Резервација масо и Галерија високо седење, можете да ги најдете исклучиво на продажните места на ККЗС.

 

Новости