ТЕХНОМА 2016 - Соопштение за јавност

Соопштение за јавност

Од идната недела – ТЕХНОМА, ТЕХНОИНВЕНТ и ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА: Најважното случување во нашата држава

 ИНОВАЦИИТЕ И НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ФОКУСОТ НА ТЕХНОМА 2016 

Скопје (13.10.2016) Наредната недела, од 18. до 22. октомври, ќе се одвива Меѓународниот саем ТЕХНОМА 2016 кој веќе 42 години претставува успешен деловен настан специјализиран за прeтстaвницитe нa гoлeмитe, средните и малите дoмaшни и стрaнски прoизвoдитeли вo oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, нeмeтaлитe, грaдeжништвoтo, обезбедување и заштита. Како таква ТЕХНОМА е високо оценета како од домашната, така и од странската јавност, заради што уште од 1997 година како саемска манифестација е членка на УФИ (Унија на меѓународни саем) чие главно седиште е Париз.

Бројните настани и активности организирани во рамките на програмата на ТЕХНОМА секогаш се во насока на остварување на основната цел: иновациите да се наметнат како важна тема во деловната заедница и да се поттикне соработката меѓу претпријатијата со научните и високо-образованите институции, етаблираните македонски компании и стартап заедницата. Потврда за тоа е и новиот настан годинава ТЕХНОИНВЕНТ кој се одржува првпат во организација на Фондот за иновации и технолошки развој и Скопски саем, а е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и УНДП.

Настанот го поддржуваат и 12 организации од Македонија кои делуваат во сферата на стартапи, иновации, претприемништво: Сеавус Инкубатор, Регионален центар за социјални иновации, Хаб Скопје, Фондација за претпиемачки сервис за млади, South Central Ventures фондот, Технолоџи Парк Тетово, Здружение на алумнисти на програмата СВТ, Македонија 2025, Асоцијација на стартап заедницата на Македонија Стартап Македонија, Funky Coworking Friday, Founder Institute Macedonia, СТАРТАП ЗОНА и Емкице Македонија.  

За време на ТЕХНОМА ќе се одржат и 17. Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 37. Меѓународна изложба на иновации, МАКИНОВА.

Истовремено, ќе се одржи и 4. Меѓународен саем за транспорт и логистика  што претставува специјализирана саемска манифестација на која ќе се претстават  повеќе домашни и странски транспортни компании, пристаништа, транспортни асоцијации, логистички центри, терминали и царински складишта, а Партнер на манифестацијата е СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ. ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА 2016, која се реализира биенално нуди разновидна саемска програма на изложување и претставување на учесници од земјата и од странство (Германија, Австрија, Швајцарија и Албанија), но и други придружни настани, средби, трибини кои ќе се одржат во КОНГРЕСНИОТ ЦЕНТАР на Скопски саем.

Се очекува и оваа саемска манифестација во петте саемски денови да привлече голем број посетители, посебно што во истиот период ќе се одржи со меѓународниот саем ТЕХНОМА. Овој тип на организација редовно привлекува и компатибилна деловна посета од околу 25.000 посетители, вклучувајќи носители на деловни одлуки, експерти и инвеститори од земјата и регионот, чија заедничка сфера на интерес се техниката и технологијата со предизвиците на новото време со цел склучување зделки со потенцијални партнери од двата саемски настани.

Свеченото отворање на ТЕХНОМА е на 18.10.2016 (вторник) во 11.00 часот во Метрополис Арена.

Работното време на саемот е од 10.00-19.00 часот, цената на редовната влезница изнесува 90 денари, а за организирани групни посети влезницата чини 40 денари.

Меѓународниот саем ТЕХНОМА е важен промотор на развојот на индустриското стопанство во регионот, па поради тоа со самите новитети кои секоја година овој саем ги прикажува, граѓаните сè повеќе се интересираат и го посетуваат.

Според најавите се очекуваат повеќе од 25 илјади посетители.

Како куриозитет годинава на Скопски саем во истиот период ќе се одржи и Првиот интернационален гастрономски натпревар МАКЕДОНИЈА 2016  во организација на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК како национална организација на готвачи и членка на WACS – World Association of Chefs Socities (Светската асоцијација на шефови на кујни).

Настанот ќе се одржи во периодот од 17.-20.10. 2016. Натпреварувачкиот дел ќе се реализира во Хала 4 на Скопски саем на 18. и 19. октомври 2016 година од 8 до 20 часот во двата натпреварувачки дена.

Поканети се меѓународни судии и натпреварувачи од 20-тина земји.

 

Со почит,

СКОПСКИ САЕМ

 

 

 

Новости