Техноинвент 2016 - Соопштение за медиуми

Соопштение за медиуми

(14.10.2016, Скопје) Техноинвент 2016 е составен дел наТехнома, 42. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, чија што основна цел е иновациите да станат важна тема во деловата заедница и да се поттикне соработката меѓу етаблираните македонски компании и стартап заедницата. 

На Техноинвент 2016, од 18 до 22 октомври на Скопскиот Саем во Скопје, ќе се одржат многу настани и активности: работилници, презентации, саемски дел за стартап компаниите и конференција Tehnoinvent-start and grow, која ќе се одржина 20 октомври. Сите тие се во насока на остварување на основната цел: иновациите да се наметнат како важна тема во деловата заедница и да се поттикне соработката меѓу етаблираните македонски компании и стартап заедницата во земјава.

Организатори наТехноинвент (18-22 октомври) се Фондот за иновации и технолошки развој и Скопски Саем, а е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и УНДП.

На конференцијата Tehnoinvent-start and grow на 20 октомври доаѓаат многу истакнати лидери од светот на технологијата, иновациите и стартапите кои овде ќе го пренесат своето знаење и искусттво. Некои од нив се: Кристобал Алонсо, глобален лидер на стартап компанијата Wise Guys, која е водечки B2B акцелератор во Европа и водечка акцелераторска платформа за глобални основачи, како и омилен партнер на многу фондови за ризичен капитал во Северна, Централна и Источна Европа. Кенет Солониус е соосновач и шеф на операции во Vertical accelerator, првиот акцелератор во нордиските земји за стартап компании од здравствениот сектор, кој го има основано најголемиот здравствен и велнес екосистем во Финска, преку кој им помогна да пораснат на повеќе од 250 стартап компании. Од регионот доаѓа Матија Жуљ, основач на успешната хрватска компанија Агриви, најнаградуваниот хрватски софтвер Агриви за паметно управување со земјоделските процеси. Ќе зборуваат и многу други говорници.
Повеќе информации на
http://technoinvent.mk/

Настанотгоподдржуваат и 13 организации од Македонија кои делуваат во сферата на стартапи, иновации, претприемништво: Сеавус Инкубатор, Регионален центар за социјални иновации, ХабСкопје, Фондација за претпиемачки сервис за млади, South Central Ventures фондот, Технолоџи ПаркТетово, Здружение на алумнисти на програмата СВТ, Македонија 2025, Асоцијација на стартап заедницата на Македонија Стартап Македонија, Funky Coworking Friday, Founder Institute Macedonia, СТАРТАП ЗОНА и Емкице Македонија.

 

 

Новости