МЕДИЦИНА 2011
29. Меѓународен саем на медицинска, дентална и фармацевтска опрема, инструменти, потрошен материјал и лекови
Времетраење :
27.04.2011 - 29.04.2011

Индустријата за здравствена заштита постојано се менува следејќи ги иновациите во медицинската технологија, новите апарати и опрема наменети за медицинските институции, како и новите концепти во однос на дијагностицирањето и лекувањето.
Саемот за медицина ги следи промените и одржува константен развоj. Саемот за медицина е поддржан од Министерството за здравство на Република Македонија и се организира во соработка со: Клиничкиот центар на Република Македонија и Лекарската комора на Македонија.