ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   


main fair
за ЦЕФА
за Скопски Саем
За медиуми
Галерија

МАКЕДОНСКО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА ЦЕФА 2014

На 21-ви јуни 2013 година во Пловдив, Република Бугарија се одржа Генералното Собрание на CEFA (Central-European Fair Alliance), на кое учествуваа 30 претставници од 12 компании – организатори на саемски манифестации и 2 придружни членки, а чиј домаќин беше Меѓународниот Пловдиски саем. На Собранието беше одржан годишниот избор за Претседател на ЦЕФА за 2014 година, на кој Скопски саем го превзема Претседателството на CEFA за 2014 година.

Скопски саем Претседателството на CEFA 2014 го превзема од Меѓународниот Пловдивски саем, односно од г-дин Георги Гергов, Претседател на CEFA 2013. За Претседател на CEFA 2014 е избрана Даниела Глигоровска, CFO од 2001 година во Скопски саем и CEO од 2009 година во Групацијата Скопски саем, како прва жена Претседател во историјата на CEFA.

Daniela Gligorovska

Исто така, на Генералното собрание беше извршен избор на господинот Matthias Limbeck, директор на Reed Messe Wien GmbH за Претседавач на CEFA до 2016 година.

Следното Генерално собрание на CEFA ќе се одржи во Скопје, Република Македонија во јуни 2014 година и на истото ќе бидат поканети 26 први луѓе на саемските организации од 17 држави.

CEFA - (Централно – Европска Саемска Алијанса) е основана во јануари 1995 година како мрежа на организатори на саемски манифестации која овозможува воспоставување на интензивни деловни контакти помеѓу нејзините членки, а  со тоа и јакнење на важноста на Централна и Југоисточна Европа за трговските саеми и изложби од меѓународно значење. Скопски саем е член на CEFA од 2002 година.

CEFA брои вкупно 26 членки од кои редовни членки се 23 саемски куќи од следните држави:

  1. Австрија, Грац (Messe Congress Graz)
  2. Австрија, Клагенфурт (Karntner Messen)
  3. Австрија, Виена (Reed Messe Wien GmbH)
  4. Албанија, Тирана (Klik Ekspo Group)
  5. Босна и Херцеговина, Сараево (Sarajevski Sajam)
  6. Бугарија, Пловдив (International Plovdiv Fair)
  7. Бугарија, Софија (Inter Expo Center)
  8. Германија, Минхен (Messe Munchen)
  9. Германија, Минхен (GHM Gesellschaft fur Handwerksmessen)
  10. Грција, Солун (TIF - Thessaloniki International Fair)
  11. Италија, Порденоне (Pordenone Fiere)
  12. Италија, Бозен (Fiera Bolzano/Messe Bozen)
  13. Македонија, Скопје (Скопски саем)
  14. Молдавија, Кишињев (Moldexpo)
  15. Романија, Букурешт (Romexpo)
  16. Србија, Белград (Beogradski Sajam)
  17. Србија, Нови Сад (Novosadski Sajam)
  18. Словенија, Цеље (Celjski Sejem)
  19. Словенија, Љубљана (Gospodarsko razstavisce)
  20. Словачка (Agrokomplex Vystavnictvo Nitra)
  21. Црна Гора, Будва (Adriatic Fair)
  22. Унгарија, Будимпешта (Hungexpo)
  23. Чешка Република, Брно (Velhetry Brno)

Придружни членки на CEFA се:

  1. Романија, Букурешт (Nexidian)
  2. Словенија, Цеље (ICM)
  3. Хрватска, Загреб (CBBS)

Целта на CEFA е во ерата на глобализација да помогне во справувањето со новите проблеми преку решенија кои нудат нови разновидности, отворање на нови можности и потенцијали, а со фактот што вклучува земји од Централна и Југоисточна Европа, CEFA прави посебен придонес кон европската интеграција. За остварување на таа цел CEFA воспостави мрежа за комуникации, размена на знаења и искуства, како и обука за подобрување на квалитетот на организациските и маркетинг услугите.



 

Новости